Search

Ла Верита: Пендаровски се понуди да биде спасител на државата кога Заев ќе падне

Предизвиканиот земјотрес од објавените документи од страна на „Ла Верита“ кои докажуваат корупција во македонскиот политички и судски систем, го изолира премиерот Зоран Заев и внатрешно и надворешно, пишува новинарот Ларис Гајсер за италијанскиот весник.

САД, освен што пратија свој претставник на консултација со македонскиот претседател Пендаровски, испратија и силна критика кон владата во Скопје, преку радиото Voice of America. По нивна линија, Пол МекКарти од ИРИ, подвлече дека кај меѓународната заедница постои силно стравување дека идејата за правда во Македонија е прегазена поради откриените факти.

Попладнето, амбасадорката Кејт Барнс, потенцираше дека
скандалот мора итно да се расчисти во согласност со меѓународните закони, истакнува новинарот.
Дури и претседателот Вучиќ почуствува потреба да се произнесе по однос на случувањата. На прес
конференција во Белград, Вучиќ како да сакаше да му даде добронамерно предупредување на Заев
подлвече дека создавањето на едно специјално обвинителство во секој случај не можело да биде
решение за лошите работи во Македонија, и дека е информиран дека тоа што досега е објавено од
наша страна е само почеток на една долга приказна.

Принуден од нашите откритија и охрабрен од Американците и Французите, претседателот на Македонија вчера свика прес конференција на која призна, како граѓанин, дека е разочаран од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и од фактот дека главните обвинители (вперувајќи прст со ова и против Јанева и против државната обвинителка за организиран криминал Рускоска) се на одмор токму во период кога државата е во длабока криза, пишува Гајсер. Со вчерашната прес конференција претседателот Пендаровски се оддалечи од неговиот политички тутор Зоран Заев, зазема еден висок институционален профил и всушност побара помош со цел да не остане сам, свесен за фактот дека се наоѓа на врвот на една држава којашто има високо корумпиран судски систем.

Целата колумна преведена може да ја видите на следниот линк: Магазин.мк

Треба да знаете
Последни објави