Search

Лајчак најавува можни ризици за ЕУ ако не испорача датум за преговри за Македонија и Албанија

Од Конференцијата за стратегиски предизвици на Европската унија на Западен Балкан што се одржа во Берлин, Мирослав Лајчак, министерот на за надворешни работи на Словачка порача дека треба да се испрати јасен сигнал за Северна Македонија и Албанија во текот на следните месеци околу датумот за отпочнување на преговорите. Според Лајчак ако не сторат такво нешто можно е  ЕУ да се соочи со ризици.

-Неопходно е да се најде консензус за започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Да се подобри политиката на проширување и да се подготви самитот за во мај. Честопати се држиме до Стратегијата за комуникација, но се чини дека забораваме оти луѓето во Западен Балкан ги читаат нијансите на сигналите што ги испраќаме – порачал Лајчак.

Германија работи во оваа насока. Канцеларката, Ангела Меркел, на прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пред еден ден, изјави дека решението може да се претстави уште на Самитот во март.

Што се однесува пак до претседателот на Франција Емануел Макрон во кого повеќето европски лидери гледаат како главен „кочничар“ во спроведувањето на ветеното проширување кое во Скопје и Тирана го очекуваа во јуни и октомври минатата година, останува на ставот прво да се одобри новата методологија за проширување па да се крене рампата за земјите од Западен Балкан. Самитот на Европскиот Совет е закажан за 26 и 27 март. Неколку недели подоцна на почетокот на мај, Самитот за Западен Балкан ќе се одржи во Загреб.

Треба да знаете
Последни објави