Search

Лајчак: Денешните разговрои на Србија и Косово ја потврдиле сложеноста по прашањето за имотите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак објави дека денешните разговори во Брисел на техничко ниво меѓу Белград и Приштина се завршени.

– Денешните разговори со главните преговарачи, Марко Ѓуриќ и Скендер Хисени, за взаемните финансиски побарувања и имотот, завршија, објави Лајчак на Твитер.

Тој наведе дека дискусиите ја потврдиле сложеноста и чувствителноста на тие прашања и дека разговорите ќе продолжат.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, директорот на Кабинетот на Владата на Србија за Косово, Марко Ѓуриќ изјави дека српската делегација инсистирала прво да се разговара на темата за Заедницата на српски општини (ЗСО) и дека Приштина се противила на тоа.

Тој ги оцени денешните преговори меѓу Белград и Приштина како „многу интензивни и тешки”.

Косовската делегација беше предводена од Скендер Хисени, кој за приштинските медиуми изјави дека српската делегација се обидела да ја отвори темата на ЗСО, но тие „категорично одбиле”.

Како што изјави, страните во преговорите имале дијаметрално спротивни ставови за тоа прашање.

– Очигледно, ставовите на оваа тема се многу различни. Ние го гледаме прашањето за сукцесија како прашање што мора да се третира во согласност со меѓународното право, следејќи ги практиките на сукцесија што се случија меѓу енитетите на поранешна Југославија, сега независни држави и ова е ставот на Косово, рече Хисени.

Треба да знаете
Последни објави