Search

 Лајен најави оставка на функцијата министер за одбрана на Германија

Кандидатката за претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска најави дека ќе поднесе оставка на фунцкијата министер за одбрана на Германија, без разлика на исходот од утрешното гласање во Европскиот парламент, а канцеларката Ангела Меркел изјави дека ја почитива нејзината одлука.

-Утре ќе побарам доверба од Европскиот парламент. Без разлика на исходот од гласањето, во среда ќе се повлечам од местото министер за одбрана, за со сета сила да и служам на Европа, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Меркел кажа дека е јасно дека Фон дер Лајен ја донела одлуката за новата фаза од својот живот и дека таа тоа ќе го почитува.

Канцеларката додаде дека останува да се види и како ќе заврши очекуваното тесно изјаснување во Европскиот парламент, но и тоа кој ќе биде нов германски министер за одбрана.

Треба да знаете
Последни објави