Search

Лацио со пресврт му го нанесе првиот пораз сезонава на актуелниот првак Интер

Фудбалерите на Лацио го победија актуелниот првак во италијанската фидбалска Серија А, Интер со 3:1 (0:1) во дербито од 8. коло одиграно на „Олимпико“ во Рим. „Нераѕурите“ поведоа во 12 минута со голот на Перишиќ од пенал. Претходно, Хисај имаше контакт со Барела во шеснаесетникот на Лацио, што беше доволно судијата Масимилијано Ирати да покаже на белата точка.

Во второто полувреме беше досуден пенал за Лацио, кој го претвори во гол Имобиле во 64 минута.Патрик после корнер со глава ја зафати топката, која потоа ја погоди раката на Бастони, што беше потврдено и од ВАР собата.

Во 81. минута Лацио направи пресврт и поведе со 2-1 со контроверзен гол на Андерсон. Домаќините не сака да исфрлат топка во аут за да му се укаже помош на Ди Марко кој лежеше на тревата, тргнаа во контра, Хандановиќ го одбрани ударот на Имобиле но Андерсон прв стигна до одбиената топка и рутински погоди за 2-1 . Ваквиот потег ги налути играчите на Интер, имаше голема мешаница, влечење и објаснување, но тоа не го промени резултатот на семафорот.

До крајот на мечот, Лацио ја потврди победата во судиското надополнување, Милинковиќ Савиќ со глава го матираше Хандановиќ по еден прекин за конечни 3-1.

Ова е прв пораз на Интер сезонава, додека Лацио стигна до четвртиот триумф. Претходно Специја со 2:1 пред своите навивачи ја совлада Салернитана.

Треба да знаете
Последни објави