Search

Лацио му нуди двојно повеќе пари на Имобиле

Раководството на италјанскиот фудбалски калчолигаш Лацио ќе му понуди нов договор на топ стрелецот на тимот, Чиро Имобиле, со скоро двојно зголемување на платата.

Платата на 30-годишниот напаѓач, кој добива по 2,5 милиони долари по сезона според неговиот тековен договор до јуни 2023 година, ќе се зголеми на 4,5 милиони.

Имобиле ја освои „Златната копачка” за најуспешен напаѓач во европските шампионати во 2019/2020 година, а со постигнатите 36 гола тој го изедначи рекордот на Гонзало Игуаин во Калчото.

Треба да знаете
Последни објави