Search

Лауретатот на Златна камера 300 за животно дело, Јоргос Арванитис пристигна во Битола

Вториот лаурет на 40. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, Јоргос Арванитис, вечерва пристигна во Битола.

Јоргос Арванитис, еден од најважните европски кинематографери на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет, е добитник на Златна камера 300 за животно дело.

Тој вечерва пристигна во Битола, го пречека директорката на фестивалот, Евгенија Теодосиевска. Арванитис уште еднаш се заблагодари за топлиот пречек и за честа да биде лауреат на оваа престижна награда.

Утре, во рамки на фестивалската програма, Арванитис ќе одржи мастер класа која ќе биде отворена за публика.

Златната камера 300 свечено ќе му биде доделена на затварањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во сабота на 21 септември.

Треба да знаете
Последни објави