Search

Латвија му забрани влез во земјата на руски новинар

На рускиот известувач кој работи за „Известија“, Андреј Захаров, му било забрането влегување во Латвија, пренесува ТАСС.

„Дописникот на мултимедијалниот информативен центар „Известија“, Андреј Захаров, не смее да влегува во Латвија и неговата Шенген виза е откажана за три години по барање на Естонија“, се вели во извештајот.

Филмската екипа пристигнала во Рига утрово и планирала да известува за 20-кратното проширување на воената база во „Даугавпилс“ во Летонија. На новинарот му било кажано дека не може да влезе во земјата, но царинските службеници во Летонија одбиле да му ги објаснат причините за овој потег.

„Известија“ го потврди инцидентот, истакнувајќи дека побарале објаснувања од властите на Естонија и Летонија.

Минатата година Захаров објави неколку извештаи за Естонија, вклучително и за одбивањето на локалните власти да одобрат одржување настани по повод 75-годишнината од ослободувањето на Талин од германските и нацистички окупатори.

Треба да знаете
Последни објави