Search

Латас за одлуката пак да му се суди за „Тревник“: Ова е одмазда на Заев

Новинарот Драган Павловиќ Латас смета дека одлуката на Апелацискиот суд да ја укине ослободителната пресуда против него во случајот „Тревник“ е одмазда од Зоран Заев, објави „АлсатМ“.

-Ова го сметам за лично политичка одмазда на Зоран Заев кој како што е познато, има апсолутна контрола во Апелацискиот суд. И тој и државниот обвинител Јовевски и пред одлуката на Апелација, веќе пред година дена ја изрекоа оваа пресуда и пред Апелација формално да ја изрече. Апелација пресуди спротивно од ослободителната пресуда и спротивно на препораката на Вишото обвинителство, а согласно барањата на Зоран Заев, вели Латас.

Пред апелациските судии, потврдување на ослободителната пресуда, побарало и Вишото обвинителство кое побарало жалбата на СЈО да се одбие.

Случајот „Тревник“ одново ќе се суди во Кривичниот суд. Освен Латас, во овој предмет на поранешното СЈО, обвинети се и неговите двајца браќа, за бесправно градење на три викенд куќи во скопско Зелениково.

Ослободителната пресуда за случајот Кривичен ја изрече на 4 јули лани. Образложението беше дека праксата покажала оти ако постои дивоградба и во текот на кривичната постапка таа се легализира, обвинението се повлекува. Освен во „Тревник“, тој е обвинет и во случајот „Тотал“ за даночно затајување. И двата предмети ги отвори СЈО врз база на прислушуваните разговори.

Треба да знаете
Последни објави