Search

Ласовска: Ќе ја довршиме гасификацијата во Свети Николе и ќе обезбедиме бесплатен приклучок за гас за секое семејство

Благица Ласовска од Свети Николе му порача на Заев дека го понижи донстоинството на македонскиот народ ги продадовте  македонските национални интереси. Македонскиот идентитет не може да го договорат двајца луѓе затоа што тоа е прашање кое не засега сите нас. Ова се избори за Македонија, битка за нашиот опстанок, битка за унитарна Македонија, битка за Македонија каква што ја знаеме. Доста е од понижување и виткање на кичма исправи се Македонијо. Пред три години Заев се колнеше во неговата македонска жица, а потоа продаде се што е македонско. Чесно е од СДСМ да кажат на кои принципи се темели коалицијата БЕСА – СДС. Чесно е да кажете кој заеднички проекти ќе ги спроведете заедно со БЕСА.  Што сте се договориле со БЕСА за Македонија. Изборни измами повеќе не ни требаат. Да не излезе покасно драги сограѓани дека не сме знаеле или не ни кажале. Еве ви кажуваме!

Пред три години од овој плоштад ветија дека можеле да го гасифицираат Свети Николе но што испадна видовме дека тие не можат. Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ја постави примарната мрежа низ општина Свети Николе, а идната влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски ќе ја доврши гасификацијата и секое домаќинство ќе добие бесплатен приклучок за природен гас. Многу ветува и затоа ќе заклучам коалицијата СДСМ БЕСА едноставно не можат, потсети Благица Ласовска.

Почитувани земјоделци кои ја произведувате најфкусната македонска храна, за ВМРО-ДПМНЕ земјоделието е стратешка гранка и затоа земјоделието има приоритет во програмата обнова на Македонија. Ние посветено ќе работиме во исполнување на следните мерки. ВМРО-ДПМНЕ за прв пат ги воведе субвенциите за земјоделците и ќе продолжи со таа помош со 640 милиони евра. 80 милиони евра системи  за наводнување. Ова е особено важно за сите земјоделци кои мака мачат од април до август да ги наводнат посевите. Тоа се само мал дел од над 1000 проекти од програмата Обнова на Македонија. Со оваа програма се обврзуваме 20 проценти повисоки пензии, намалување на невработеноста под 10 посто со креирање на нови работни места. 0 проценти персонален данок за младите до 29 години. 1 денар од акцизата за нафтените деривати ќе оди за развој на спортот, истакна Благица Ласовска.

Ласовска се обратам кон жените. Почитувани дами излезете масовно и гласајте за ВМРО-ДПМЕН затоа што во нашата програма ние сме еднакви ќе го исполниме се она што сме го ветиле еднаквост на жените и мажите. 40 проценти жени во извршната власт.

Знам дека некој се разочарани и јас ги разбирам. Но што добивате ако сте нем посматрач на оние кои ве разочарале. Излезете и гласајте за Македонија. За вас, за вашите најмили. Ве повикувам на 5 јули уште рано сабајле да излезете и да заокружите број 15 со името на Игор Јанушев. Да покажеме дека верниот исток може да донесе 14 пратеници, повика Благица Ласовска.

Треба да знаете
Последни објави