Search

Лаптоп компјутери, пили и лук на листата кинески производи за нови царини од САД

Лаптоп компјутери, пили, делови за турбини и лук се само некои од 3.805 производи, кои се наоѓаат на дополнителната листа кинески производи за нови царини од САД.

Властите на САД ја дополнија листата откако кинеските власти вчера најавија дека од 1 јуни ќе воведат  тарифи од 25 отсто на 60 милијарди долари увоз од САД.

Тоа е одговор од Кина на американскиот претседател Доналд Трамп кој во петокот ги зголеми царините од 10 на 25 отсто на кинескиот увоз во вредност од 200 милијарди долари.

– Новата листа претставува чекор кон спроведување на заканата на претседателот Трамп од 5 мај за воведување на казнените 25 процентни царини на целокупниот увоз од Кина, се наведува во соопштението на американскиот трговски претставник УСТР.

Како што е наведено, на 17 јуни ќе биде одржана расправа пред Вашингтон да одлучи како да постапи по ова прашање.

Треба да знаете
Последни објави