Search

Лапорта открива дека Интер во 2006 за Меси нудел 250 милиони евра

Поранешниот претседател на Барселона, Хуан Лапорта кој повторно е кандидат за прв човек на шпанскиот фудбалски гигант открива дека во 2006 година добил понуда од првиот човек на италјанскиот Интер, Масимо Морати за Лионел Меси вредна 250 милиони евра, соопштил во интервју за радиото „Онда Серо“, ..

Лапорта беше претседател на Барселона од 2003 до 2010 година.

-Никој кој ја сака Барселона не смее да се сомнева во Меси. Се надевам дека ќе бидам избран за претседател и тогаш ќе зборувам со него за останување во клубот. Ние одбивме понуда од 250 милиони евра во 2006 година од Интер. Морати сакаше да го донесе во својот клуб. Ние имаме и план за средување на економската ситуација во клубот. Можеме да го промениме светот, можеме да го направиме подобро место со напорна работа, пасија и љубов. Сакаме да ги направиме луѓето среќни, и тоа не е предизборно ветување, изјавил Лапорта.

Треба да знаете
Последни објави