Search

Лам: Хонг Конг може да го задржи посебниот статус и по 2047 година

Хонг Конг може да ги задржи придобивките што доаѓаат во рамки на „една земја, два система” што ги има со Кина и по истекот во 2047 година, но само ако ја задржи верноста кон Пекинг, изјави денеска премиерката на Хонг Конг, Кери Лам.

Кога Британците го вратија Хонг Конг на Кина во 1997 година, по 150 години колонијално владеење, Хонг Конг стана посебна административна територија на Кина, со кинеска гаранција дека ќе го задржи својот капиталистички економски систем за 50 години.

Во Хонг Конг со месеци се одржуваа протести поради незадоволство околу предлог-законот за екстрадиција на Кина, кој подоцна беше отфрлен. Лам се осврна на неодамнешното насилство и повика на поддршка за Владата.

– Хонг Конг може повторно да отплови, рече таа на кантонски, нагласувајќи ја заложбата на Владата да го заштити владеењето на правото.

Треба да знаете
Последни објави