Search

Лампард: Не сакам изговори против Ливерпул

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, објави дека очекува правилен одговор од неговите играчи во утрешното финале на Европскиот суперкуп против Ливерпул.

„Сините” веќе пристигнаа во Истанбул за натпреварот, во кој ќе се обидат да го заборават тешкиот пораз од 0-4 од Манчестер Јунајтед на почетокот од сезоната во Премиер лигата.

– Ова е финале и тензиите ќе бидат присутни, особено откако ривал е тим од калибар на Ливерпул. Секој фудбалер треба да биде свесен за важноста на овој натпревар и очекувам целосна самодоверба од сите. Јасно е дека ќе биде тешко. По крајот на натпреварот не можеме да мислиме „пропуштивме некои можности” или „не бевме целосно подготвени”. Едноставно нема простор за изговори, вели Лампард.

Тој додаде дека тимот сака да гоосвои трофејот, откако поранешниот англиски репрезентативец не ја освои додека беше активен фудбалер.

– Јас не ја освоив како фудбалер, исто така и многу момчиња. Јасно е дека може да изгубиме, но тоа не треба да се случи со претпоставка дека не сме биле доволно подготвени. Сакам да го видам вистинскиот став за толку важен судир, додаде Лампард.

Треба да знаете
Последни објави