Search

Лампард: Не сакам да играме офанзивно, а да примаме по четири гола на контри

Френк Лампард не дочека победа и во третиот официјален меч како менаџер на Челси, откако ова попладне неговиот тим не успеа да слави ниту на премиерниот меч на домашниот „Стемфорд Бриџ“.

Фудбалерите на Челси и Лестер ремизираа во натпреварот од второто коло во Премиер лига со резултат 1-1. Домашниот тим беше далеку подобар во првото полувреме и преку Мејсон Маунт дојде во предност, сепак гостите беа подоминантни во продолжението, а за изедначувањето се погрижи Вилфред Н‘Диди.

– Имавме навистина добар старт, фантастичен, но наместо дададеме два или три гола, ние имавме минимално водство. Бевме брзи, енергични, но потоа му дозволивме на Лестер да се врати во игра во вториот дел и поради тоа не сум задоволен. Им понудивме толку многу шанси преку контра напади. Мора да гледаме на себеси, мора да ја градиме нашата игра. Сакаме да диригираме, но тоа не значи дека треба да бидеме ранливи на контра напади. Мора да имаме поголем карактер. Во средата со Ливерпул бевме добри во тој поглед, но сега не ги контролиравме нивните контра напади. Не сакам да играме офанзивен фудбал, а да примаме по четири гола на контри. Такво нешто се случи и со Јунајтед, тоа е нашиот главен проблем на стартот. Мора да пронајдеме баланс и мора да им понудиме повеќе од ова на фановите. Не живеам во илузии, знаев дека можам брзо да се соочам со вакви работи и со вакви моменти. Мора да продолжиме да работиме, само така ќе ги поправиме работите на теренот, посочи Лампард.

Треба да знаете
Последни објави