Search

Лампард контра Мурињо: Тотенхем има опции во нападот, да не се лажеме

Менаџерот на Челзи, Франк Лампард смета дека Жозе Мурињо го претерува во однос на недостатокот на опции во нападот на Спарси.

По повредите на Хари Кејн и Хјун-Мин Сон, Мурињо се пожали дека неговиот напад е како „пиштол без муниција” пред големото дерби на Лондон, кое е и со залог за место во топ 4. Лампард, сепак, рече дека Португалецот малку претерал со своите побарувања.

– Тотенхем има опции во нападот, да не се лажеме. Најдобрата сезона на Деле Али во Тотенхем беше како втор напаѓач зад Хари Кејн, додека Лукас Моура постигна „хет-трик” во полуфиналето на Лигата на шампионите минатата сезона, кратко прокоментира Англичанецот на темата.

Треба да знаете
Последни објави