Search

Лампард е задоволен како неговиот Челзи одигра со Њукасл

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи, Френк Лампард е задоволен од учинокот на неговиот тим на натпреварот против Њукасл во 9. коло кој го добија како гости со 2:0. Челзи со со овој триумф времено го заспоседна врвот од табелата во очекување на резултатите на конкурентите за највисок пласман.

– Задоволен сум. Беше тешко да се игра тука по паузата за репрезентативните настапи.  Сите играчи си заминуваа. Минатата година во овој период губевме, па добро е што овојпат напредувавме и го постигнавме посакуваниот резултат. Доминиравме и можевме да постигнеме повеќе голови. Но момците завршија многу добра работа, изјави Лампард за „Би-би-си”.

Челзи има 18 бода и во моментов е на првото место во Англиското фудбалско првенство.

Треба да знаете
Последни објави