Search

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки маски и заштитни штитници од плексиглас за да помогне во борбата против епидемијата на Ковид-19 во земјата, пренесува „Спутник“.

Медицинските материјали, произведени во соработка со Универзитетот во Болоња, ќе бидат доставени во болницата „Сант Орсола-Малпиги“ во Болоња, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на компанијата.

Автомобилскиот производител ќе произведува 1.000 маски и 200 заштитни штита од плексиглас на ден.View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Италија извесно време соборува мрачни рекорди во однос на бројот на починати од новиот коронавирус регистриран во текот на 24 часа, при што повеќе од 600 луѓе дневно умираат од овој вирус.

Италија останува најтешко погодена европската земја од Ковид-19 со речиси 105.800 заразени и повеќе од 12.400 смртни случаи, според статистиката на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Треба да знаете
Последни објави