Search

Лазар Ѓуров: Сепак ќе гласам по принцип „како да не се врати полошото и позабеганото“

Мајор д-р Лазар Ѓуров, доцент, професор на Воената академија во Скопје на Фејсбук објави за кого ќе гласа и зошто.

„Изгледа на овие избори сепак ќе гласам по принцип „како да не се врати полошото и позабеганото“
Цела кампања не споделував никакви ставови ниту се приклонував кон ничија страна. Реално се двоумев дали за прв пат од полнолетство да не гласам. Но одлучувам да гласам по принципот „како да не се врати полошото и позабеганото“.

Да сме на јасно.
Не е идеално. Далеку е од идеално ама дефинивно е помалку забегано.
Далеку е од средено ама среќен сум што за вистинските проблеми се зборува отворено без да не убедуваат дека „сме лидери во се и сешто“ а во суштина да живееме во целосно руиниран систем со злоупотреба на моќта на сите институции.
Особено сум среќен што има можност за јавна критика без никаков притисок и последици. Тоа е гаранција дека ако се забега целосно, ќе бидат срушени…пишува меѓудругото Ѓурев.

https://www.facebook.com/lazar.gjurov/posts/10160218791562942

Треба да знаете
Последни објави