Search

Лазаров: Само јас дојдов во Оперативниот штаб, другите не дојдоа и затоа сум обвинет

Началникот на одделението за униформирана полиција од општа надлежност, Душко Лазаров еден од обвинетите за „крвавиот четврток“ во завршните зборови рече дека не е виновен. Тој детално ги објасни неговите должности како и телефонската комуникација од критичниот ден. Во детали, во часови и минути, ги објаснуваше комуникациите со надлежните старешини кои биле известени навреме за ситуацијата во собранието, но ниту еден од нив не превзел ништо во тој период.

-Ми ставаат на товар дека со неиздавање наредби сум овозможил непречено да се влезе во собранието и не сум издал наредби за ангажирање на дополнителни полициски сили за обезбедување, не сум ја извршил наредбата за ангажирање на посебните специјални единици и со вакви дејствија сум предзвикал страв кај граѓаните. Сметам дека ЈО не докажа дека сум ги сторил делата за кои ме товарат и барам ослободителна пресуда. Кои се причините ЈО да  ме обвини мене кога јас не сум надлежен да давам наредби. Зошто се амнстирани оние кои директно ги отворија вратите, а јас сум на обвинителна клупа. Јас не барав амнестија зошто не сум виновен за ништо, а како доказ е тоа дека против мене не е водена ниту дисциплинсла постапка по настанот, рече Лазаров.

Според него, ЈО не презентирал ниту еден доказ дека тој го спречил изборот на претседател на собранието.
– Судот од сите докази изведени на главната расправа може да види дека изборот на претседателот на Собранието од никого не беше спречен. ЈО тврди дека сум предизвикал акт на насилство, како дежурен во оперативниот штаб со неиздавање на наредба на доплнителни полициски сили. Судот може да заклучи од доказите на анекс планот на оперативниот штаб дека не сум имал овластување за издавање на нараедби на ниту едни полициски сили ниту наредба за евакуација на пратеници, дека членовите на овој оперативен штаб се само помошно тело на одговорниот на оперативниот штаб – Митко Чавков. Според планот на оперативниот штаб, одговорен на целокупното обезбедување на Собранието е Зоран Станчевски. Тој како сведок наведе дека пред собранието имало само 30 полициски сили, но во ниту еден момент не посочи дека од мене барал дополнителни специјални сили дури после 20 часот, рече Лазаров.
Тој појасни дека од 19.58 до 21 часот бил во интензивна комуникација со сведоците кога пристигнало првото засилување.
-Ниту сведокот Кирил Бошковски не наведува дека барал од мене специјални сили. Тој наведува дека од мене добил само насоки, а не и наредба бидеќи јас неможам да издадам наредба.
Ивица Вучевски, наведе дека имал комуникација со министерот Агим Нухиу, а не наведува дека од мене барал ангажирање дополнителни полициски и специјални сили. Сведокот Сашо Трпески наведе дека од мене добил насоки да се затворат вратите од внатре, а ова се потврди од изјави на другите двајца сведоци со кои заедно бевме дежурни во штабот. Постапував согласно овластувањата според анкес планот, вели началникот.
Според него, нема докази ниту дека е виновен за терористичкото загрозување на уставниот поредок бидејќи не е утврено дека дејствувал заедно со другите обвинети.
-Телефонски комуницирав само со обвинетите Чавков и Пешов и тоа било за извршувањето на тековните работи. Со Пешов имав пет неуспешни повици. Со Чавков имаше комуникација на Вибер. Од изведените докази судот може да заклучи дека не сум превзел ништо што е спротивно на моите овластувања. Јас како советник немав овластување да давам наредба за златна, сребрена и бронзената команда. Зошто ЈО мене ми става на товар исто дејствије како на Чавков бидејќи јас не влегувам во групата која дава команди. Јас можев само да пренесувам наредби од златниот командир но тоа не беше побарано од мене. Златната команда (Чавков) е должна да ги обезбеди ресурсите, а сребрениот да ги постави (Ивица Вучевски), бронзен командир (Зоран Станчевски) е должен постојано да го известува сребрениот. Мене тука ме нема, а тоа е така и од изјавата на сведоците Ивица Вучевски, Тони Алексовски и Ѓорѓи Симоновски. Дека јас не сум овластен да давам наредби се потврди и од сведокот Алексовски дека барањето за ангажирање на полициски сили го пренесов на Чавков, рече Лазаров.
Според него, критичниот ден Нухиу бил советуван од неговите советниците дека тој не може да издава наредба, а иако знаел дека наредби може да издават само златната, сребрената и бронзената команда тој побарал од Лазаров да издаде наредба, иако претходно знаел дека нема таква надлежност.
-Дека јас давам насоки кажа и сведокот Сашо Трпевски кој веднаш реагираше за затворањето на вратите и вадење на пратениците од внатре. ЈО иако тврди дека сум бил дежурен, не е точно, нема предвидено такво нешто, туку бев како член на оперативниот штаб. И од сите членови кои требаа да бидат во штабот по распоред бев само јас. Другите членови требаше да дојдат, а не дојдоа. Бидеќи они не дојдоа, а јас дојдов затоа сум јас сега на обвинителна клупа, рече Лазров.
Треба да знаете
Последни објави