Search

Лазаров не сака функцинерска туку тренерска обврска

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е пред крајот на својата долгогодишна играчка кариера. Со 39 години Лазаров настапува за францускиот Нант. За неговиот ракометен ангажман приказна направи шпанскиот медиум „Balonmanoveteranos”. Во овој натпис Лазаров зборува за играчка кариера, почнувајќи од настапите во екипите во Македонија, Хрватска, Унгарија и Шпанија и Франција. Капитенот на македонската репрезентација не пропушти да ја каже и победничката хемија во репрезентацијата со каја за жал иако се редовни учесници на завршните турнирот од ЕП и СП,п повеќе од една деценија најголемиот достртел им беше петтото место на ЕП во Србија во 2012 година.Свесен дека му се ближи крајот на активното играње Лазаров знае што сака да биде и понатаму во ракометот.

-Знам дека на мојата професионална играчка кариера и се ближи крајот и знам дека ќе останам во ракометот. Од пред некое време се подготвувам за моментот кога ќе заврши мојата кариера како ракометар. Секогаш барав предизвици во мојата кариера и ме прави среќен да се обидам да ги остварам. Предизвик не ми е да седам во канцеларија. Имам голема желба да бидам тренер и полека се подготвувам за тоа, вели Лазаров, капитенот на макеоднската репрезенатција кој има своја ракометна школа, а од сезонва и клуб кој го вклучи во сениорските натпреварувања.

Треба да знаете
Последни објави