Search

Лазаров: Игравме брзоплето, да не кажам „македонски“

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров не го крие разочарувањето од поразот од Црна Гора од 24:28 и смета дека поразот од Црна Гора бил претрпен на „македонски“ начин..

„Како и да реагирав, не можеше ништо да се смени. Не можеме да ги преброиме грешките коишто ги направивме. Едноставно да ви кажам бев немоќен, што и да направам, како и да реагирам, како да се случуваше на филм. Играчи кои играат во клубови со коректни улоги, играат во Лигата на шампионите, Бундеслига, во добри првенства, да не набројувам имиња, не смеат да си дозволат така. Без разлика дали е добра стратегијата или не, ти или си играч или не. Ние сме тука да подготвиме, да направиме тактика, но тие се оние кои решаваат на терен. Евидентно е дека треба да учиме уште многу. Не сакам да барам алиби, не сакам оправдувања, но денеска за Столе дознавме во последен момент, а неизвесен беше и Митревски до последен час. Црногорците се прилагодија подобро од нас на оваа ситуација, нас ни недостасуваа седум или осум играчи. Покрај мене и Стоилов, тука се и Манасков, Марковски, Младеновиќ, Ојлески и други. Ни се случија многу работи, но тоа не е причина да се бара алиби. Игравме брзоплето, да не кажам македонски. Откако сум сeлектор, на секој меч најдобар поединец кај противниците е нивниот голман, мора да работиме на тој момент,,анализираше Лазаров.

Треба да знаете
Последни објави