Search

Лазаров задоволен од победата: Сега полесно се дише

Македонските ракометари синоќа во една драматична завршница славеа на гостувањето во Рејкјавик против Исланд со 33:34.

Со победата на гостувањето кај Исланд нашите ракометари си ги зголемија шансите за пласман на Европското првенство, но Кире Лазаров повикува на смиреност.

„Во Скопје ќе биде потешко. Можеби сега не потценија, но во Скопје сигурно ќе видиме еден поинаков Исланд. Треба да бидеме сконцентрирани и посветени и да се надеваме на добар резултат. После оваа победа, полесно се дише“, изјави Лазаров и додаде:

„Не зборувам на памет, уште кога се собравме пред два дена им реков дека можеме да го добиеме Исланд. Македонија живее за овој спорт и мило ми е што можеме да ги радуваме фановите со вакви победи“, изјави Лазаров.

Треба да знаете
Последни објави