Search

Лажни полицајци одзеле милиони франци на жена во Швајцарија

Лажни полицајци успеале на една жена во Цирих да ѝ земат 3,6 милиони франци или 3,25 милиони евра, убедувајќи ја дека ја чуваат од крадци, кои сакаат да ѝ ги земат тие пари.

Според полицијата, крадците со месеци се подготвувале за оваа измама.

Првиот контакт бил остварен во ноември, така што една жена претставувајќи се дека е полицаец, ѝ објаснила на жртвата дека полицијата наводно води истрага за мрежа на крадци, кои во соработка со вработени во банка, одземаат пари. На жената тогаш ѝ било речено дека и нејзините пари се потенцијална цел на крадците.

Следните месеци, жената секој ден добивала телефонски повици од истите лица, кои ѝ кажувале на никој да не пренесува информации, за да не биде загрозена истрагата.

Крадците потоа побарале таа да им ги пренесе електронски парите, за да ѝ ги сочуваат.

Полицијата на крајот открила дека жената на тој начин за време на неколку месеци, на крадците им дала вкупно 3,6 милиони франци ( 3,25 милиони евра)

Треба да знаете
Последни објави