Search

Лажни дојави за бомби на два црногорски аеродроми

На аеродромите во Подгорица и Тиват вчера било пријавено дека се поставени бомби, јави РТЦГ. Дојавите биле лажни.

Еден од патниците кој се наоѓал на аеродромот во Подгорица за „Дневне новине“ рекол дека полицијата ги прегледала сите торби на патниците. По лажните дојави за бомби, на аеродромите била засилена контролата и сите патници биле детално проверувани.

Утринава од аеродромот „Никола Тесла” во Белград, пак, беа евакуирани 130 патници и пет члена на екипажот од авионот на германската компанија „Луфтханза“ поради најава дека има бомба во авионот.

Треба да знаете
Последни објави