Search

Лажниот профил чуда прави: На Нина Бадриќ и се додворувал актерот Кевин Костнер

Пејачката Нина Бадриќ, која неодамна пееше во Македонија на настанот “Младо вино“, во приватниот живот многу сака да се зафркава. Кога неодамна открила дека во една прилика преку социјалните мрежи и се додворувал популарниот глумец Кевин Костнер, признала дека тоа е жива смејурија, бидејќи имала профил на апликација за запознавање. Во меѓувреме го избришала профилот, не сакала повеќе додворувачи од ВИП-личности.
Се започна кога Нина поради забава, а по сугестија на пријателката која живее во Њујорк, направила свој профил, каде што јавните личности можат да имаат свои апликации на таквите мрежи. Нина, сепак, на профилот не го ставила своето име, но затоа поставила своја фотографија.

Костнер, се попали по Нина!!!

– Чисто поради забава и љубопитство ставив и своја слика. Да видам како тоа функционира. Денес можеш да лажеш и да се зафркаваш, бидејќи живееме во виртуелен свет, со што таму продадов неколку од тие трикови. Потоа почнаа да ми се јавуваат згодни фраери и ми кажуваа “зошто лажеш“, “си ставила фотка од Бадриќ“, “стави своја фотка“…, раскажуваше пејачката низ смеа… Не веруваа дека јас сум таа Бадриќ.
Пејачката така и си најде партнер во тој виртуелен свет, меѓутоа лично никогаш немала желба да се запознае со него. Како што немаше желба да ја запознае ниту онаа селанка од едно хрватско планинско село која ја повика Нина во времето на најголемата криза со коронавирусот, да дојде со неа да копаат компири, за да заработат добри пари.

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави