Search

Лажна тревога за сомнителен пакет во близина на Кабинетот на Меј

Лондонската полиција соопшти дека нејзините специјални тимови го провериле „сомнителниот пакет” пронајден во близина на Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј и утврдиле дека тој не претставува никаква опасност.

– Улиците наскоро ќе бидат деблокирана, соопшти полицијата на Твитер, без да прецизира што содржел пронајдениот сомнителен пакет.

Претходно, Скотланд Јард информира дека го блокирал реонот околу улицата „Дунинг” во Лондон, во која се наоѓа Кабинетот на Меј, поради пронајден „сомнителен пакет”, додавајќи дека поради блокадата сите пешаци и возила се насочуваат кон околните улици.

Треба да знаете
Последни објави