Search

Лажна е дојавата за бомба во авионот на аеродромот во Белград, потврди српското МВР

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи, по спроведена контрадиверзантска проверка, утврдиле дека е лажно тврдењето за поставена бомба во авионот што утринава од Белград требало да полета за Франкфурт, пренсе Танјуг.

Како што за агенцијата е соопштено од МВР, полицијата интензивно работи на идентификување на лицето кое утринава, околу шест часот, телефонски го повика аеродромот “Никола Тесла” и испрати лажна дојава за бомба.

Откако утринава непознатото лице се јавило на аеродромот „Никола Тесла” и кажало дека во авионот за Франфурт е поставена бомба, германската компанија „Луфтханза” веднаш ги евакуира 130-те патници и петте членови на екипажот.

Во авионот веднаш биле упатени сите расположливи полициски сили и припадници на контрадиверзантска екипа.

Треба да знаете
Последни објави