Search

Лажен Corona Antivirus го инфицира компјутерот со опасен тројанец

Забележани се многубројни спам-кампањи кои го користат COVID-19 како мамка за луѓето да се излажат и да го инсталираат малверот, а особено оние кои крадат податоци од корисници, пишува Емитер.

Со оглед на тоа што повеќето од нас сега работат од дома, голема е потребата компјутерот да биде заштитен, особено ако се поврзувате на мрежа на компанијата. Тоа го знаете вие, но и кибер-криминалците, кои се досетливи, па на корисниците им нудат лажни антивирусни програми.

Malwarebytes и MalwareHunter наишле на лажни апликации на два одвоени веб-сајта каде што се нуди антивирус кој го рекламираат како “најдобра можна заштита од коронавирусот“.  Измамниците се обидуваат да ве натераат да инсталирате антивирус за кој тврдат дека штити од вистинскиот COVID-19 вирус.

“Нашите научници од Универзитетот Харвард работат на развој на вештачка интелигенција за борба против вирусот со помош на Windows апликација. Компјутерот активно ве штити од коронавирус додека апликацијата работи.“

На сајтот се наоѓа инсталациски фајл, кој според Malwarebytes, го инфицира компјутерот со BlackNET RAT (Remote Access Tool), што го компромитира компјутерот и автоматски се додава во BlackNET бот-мрежа.

Инфекцијата на злонамерниот софтвер значи дека компјутерот може да им служи на кибер-криминалците за работа на DDoS напади, а малверот може и да го снима екранот, да краде чувствителни информации како Firefox колачиња, сочувани лозинки и Bitcoin паричник и да стартува keylogger кој ќе ги следи активностите на системот. Се подразбира дека на некој начин не би требало да се преземат лажни антивирусни програми и дека треба да се ажурира софтвер за заштита кој би требало да ги забележи ваквите движења, особено бидејќи бројот на измами кои се обидуваат да ја искористат оваа ситуација со коронавирусот постојано расте.

Треба да знаете
Последни објави