Search

Лажен азилант обвинет за убиство и за силување деца во Германија

Германското обвинителство во средата најави обвиненија за силување и за убиство на деца против одбиен ирачки барател на азил,  случајот поттикна вжештена дебата за криминалот извршен од мигранти, пренесува „Брејтбарт“.

Обвинетиот во случајот „Сузана”, 21-годишниот Али Башар, избегал од Германија по извршеното кривично дело во Северен Ирак, но бил екстрадира, а во мисијата учествувал лично и шефот на германската Федерална полиција, Дитер Роман.

Башар е обвинет за претепување, силување, а потоа и за смртта на ученичката Сузана Марија Фелдман (14), во шумска област во близина на засолништето за бегалци во кое престојувал во Визбаден минатиот мај.

Претходно, тој  двапати силувал 11-годишно девојче – еднаш во април 2018 година, откако го заклучил девојчето во својата соба, и повторно во близина на паркинот на еден супермаркет следниот месец.

Обвинителството покренало обвиненија за силување на истото 11-годишно девојче и против еден млад Авганистанец кој живеел во истото засолниште за бегалци, Мансур К., за кој се верува дека имал најмалку 14 години во тоа време.

Обвинителите велат дека помладиот брат на Али, Башар, за кој се верува дека е во Ирак, исто така учествувал во насилниот сексуален напад врз помалото девојче. По реакцијата на јавноста поради смртта на Сузана, германската федерална полиција го вратила Башар назад од Ербил, Северен Ирак, каде што бил уапсен од локалните курдски безбедносни сили иако не постои формален договор за екстрадиција меѓу Ирак и Германија.

Башар првпат пристигнал во Германија во 2015 година со своите родители и петте браќа и сестри. Тој се соочил со депортација откако неговото барање за азил било одбиено во декември 2016 година, но во меѓувреме добил дозвола за привремен престој.

За тоа време, неколку пати имал проблеми со полицијата поради  тепачки, грабежи и нелегално поседување ладно оружје. Тој исто така се соочува со обвинение за грабеж на парков во кој претепал, давел и му се заканувал со нож на човек за да му ги украде  часовникот, торбата, телефонот и банкарската картичка.

Случајот „Сузана“ ги поттикна политичарите, меѓу кои и канцеларката Ангела Меркел, да се залагаат за забрзување на депортациите на барателите на азил кои го прекршиле законот во Германија.

Треба да знаете
Последни објави