Search

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд која ќе стапи на сила во средината на септември. Таа ќе биде новата претседателка на Европската централна банка.

Лагард изјавила дека со нејзината оставка го отвора патот на ММФ да избере нов лидер.

„Со голема јасност околу процесот за мојата номинација за претседател на Европската централна банка и времето кое ќе биде потребно за тоа, донесов одлука која е во најдобар интерес за ММФ“ рекла Лагард.

Нејзината оставка следи две недели по нејзината номинација на 2 јули за местото претседател на ЕЦБ. Таа не поднесе веднаш оставка во ММФ, бидејќи беше неизвесно дали новиот Европски парламент ќе ги одобри неа и останатите кандидати да застанат на лидерските позиции на ЕУ.

Ако биде прифатена, на 31октомври, Лагард ќе го налседи Марио Драги.

Треба да знаете
Последни објави