Search

Лав нападнал чуварка додека му го чистела кафезот: Хоспитализирана е веднаш

Стражарка во зоолошката градина во северозападна Германија била нападнат и повредена од лав додека го чистела неговиот кафез, пренесуваат германските медиуми.

Инцидентот се случил во зоолошката градина во Оснабрик.

Лавот ја нападнал 25-годишната чуварка, а полицијата за германската агенција ДПА изјави дека девојката е полесно повредена, но дека сепак е хоспитализирана поради подетален преглед.

Зоолошките градини во Германија се уште се затворени како дел од рестриктивните мерки за борба против пандемијата на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави