Search

Лавров: Смешни се тврдењата дека Трамп работел за интересите на Москва

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги исмева тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да работи за интересите на Москва.

На прес-конференција Лавров рече дека извештаите на американските медиуми кои тврдат дека Трамп можеби бил руски агент, го одразуваат драматичен пад на новинарските стандарди.

По информацијата која протече во тамошните медиуми, американскиот претседател, Доналд Трамп во телефонско интервју за „Фокс њуз“ избегна дикретно да одговори на прашањето дали тој во моментот работи за Русија и дали некогаш работел за таа земја.

Трамп во однос на ова прашање истакна дека тоа е најнавредливото прашање што некогаш му било поставено и дека тој е едниствениот претседател што зазел цврст став кон Русија.

Треба да знаете
Последни објави