Search

Лавров: САД прави нови нуклеарни боеви глави, тоа е ризик, војна

Намерата на САД да развие нови боеви глави го зголемува ризикот од нуклеарна војна, рече рускиот министер за одбрана, Сергеј Лавров.

Оваа изјава доаѓа само два дена откако американската Национална агенција за нуклеарна безбедност објави дека САД почнале да произведуваат боеви глави за почетната оперативна способност на меѓуконтиненталните балистички ракети В76-2.

Лавров, коментирајќи ја намерата на Вашингтон да произведе нуклеарни боеви глави, исто така, рече дека официјална Русија ќе почека да види каков ќе биде одговорот на водачите на државите на ЕУ.

„Спутник интернешенел“ соопшти дека се работи за нуклеарни боеви глави наменети за поморски балистички ракети, кои, наводно, биле помали од бомбите што биле фрлени во Хирошима, пред крајот на Втората светска војна.

Треба да знаете
Последни објави