Search

Лавров: Ограничувањето на работата на руските медиуми е обид за воведување политичка цензура

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ограничувањето на работата на руските новинари во многу земји е обид за наметнување политичка цензура.

„Во многу земји се поттикнува непријателска атмосфера и недоверба кон руските медиуми“, рече Лавров на конференцијата за слобода на медиумите, пренесува ТАСС.

Тој рече дека не ја поддржува забраната за работа на странските медиуми кои работат во Русија, вклучително и „Дојче веле“ иако рускиот парламент го обвини овој медиум за кршење на изборниот молк и побара од Министерството забрана за работа, пренесува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави