Search

Лавров: На Русија не може да ѝ се наредува

Шефот на руската диплоамтија, Сергеј Лавров изјави дека сите обиди да се натера Москва да донесе одредени надворешнополитички одлуки, се осудени на пропаст.

„Не е првпат Зпадот да биде опседнат со сопственото првенство, но не треба да се заборави на што не научи историјата. Никој не треба ни да се сомнева во тоа дека обидите Москва да се натера да донесе одредени надворешнополитички одлуки, се осудени на пропаст“ порача Лавров.

Тој потсетил и дека неговиот претходник, Јевгениј Примаков, во 2014 година истакнал дека Русија покажала дека е земја која ги штити своите национални интереси во мултиполарниот свет.

„На САД и нивните сојузници тоа не им е по волја, но таков е објективниот тек на историјата“ истакнал Лавров. Порачал дека Русија ќе тежнее односите со ЕУ и САД да ги гради на основа на рамноправен дијалог.

Треба да знаете
Последни објави