Search

Лавров: НАТО нема да ја поддржи иницијативата на Русија за мораториум

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Московската конференција за неширење на оружјето истакна дека НАТО навести дека нема да одговори на иницијативата на Русија за воведување мораториум на распоредувањето на ракети со среден и краток дострел во Европа.
– Претседателот (Владимир) Путин во личните пораки до лидерите на земјите членки на НАТО и на земјите од Азиско-пацифичкиот регион ги повика да се придружат на мораториумот за распоредување на ракети со среден и краток дострел, истакна Лавров.
Тој додаде дека Северноатлантската алијанса не дала јасен одговор.
– Дури, јасно ни предочија дека НАТО тоа нема да го прифати, истакна Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи нагласи дека повлекувањето на Вашингтон од Договорот за ликвидација на ракетите од среден и краток дострел (ИНФ) ќе предизвика негативни последици.
– Наместо несогласувањата да се решат на професионален, конструктивен и деловен начин, нашите американски колеги беа зафатени со изнаоѓање на изговори за раскинување на ИНФ, истакна Лавров.
Тој тврди дека Русија предложила конкретни и реални мерки, со цел за намалување на загриженоста и за спас на договорот, но оти била арогантно одбиена.
– За жал поголемиот број земји-членки на НАТО го послушаа барањето на Вашингтон и не го прифатија нашиот повик да се уверат дека се неубедливи тврдењата на САД, посочи Лавров.

Тој додаде и дека „Русија донела одлука да не распоредува ракети со среден и краток дострел се додека американски ракети од иста класа не бидат распоредени во овие региони”.

Треба да знаете
Последни објави