Search

Лавров: Либија може да стане најголема терористичка база на северот од Африка

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Либија може да стане најголема терористичка база на северот од Африка, од каде што терористите би можеле за заминуваат во која било земја во светот, пренесува „Спутник“.

Според Лавров, борбите што во континуитет се водат во Либија довеле до вакуум во безбедноста, што остава можност терористите од Сирија и од Ирак да се прегрупираат таму.

„Либија ризикува да стане главно упориште на тероризмот на северот од Африка, од каде таа зараза може да се рашири во многу земји во светот,“ предупреди тој.

Лавров посочи и дека многу земји чие државјанство поседуваат терористите одбиваат да ги примат назад за да ги процесуираат.

„Сметаме дека сите тие земји се должни да сносат одговорност за терористите кои во своите џебови имаат нивни пасоши“, додаде шефот на руската дипломатија.

Треба да знаете
Последни објави