Search

Лавров: Како САД со санкции и војна ја бранат демократијата

Западот се претставува како бранител на либералните вредности, а во истовреме води политика на санкции, воени закани и бомбардирања на суверени држави, напиша рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во авторски текст во рускиот магазин „Русија во глобалната политика“.

„Либерализмот, за кој Западот се претставува дека го брани, се фокусира на поединци и нивните права и слободи. Затоа се поставува прашањето – на кој начин тоа се поврзува со политичките санкции, економските притисоци и отворените воени закани против бројни независни држави, како што се Куба, Венецуела, Северна Кореја и Сирија“ наведува Лавров во својот текст, објавен по повод почетокот на 74 редовно Генерално собрание на ОН.

Тој укажува дека санкциите директно ги погодуваат обичните луѓе и нивната слобода и ги кршат нивните социо-економски права.

Според него, земјите кои се претставуваат како пример за демократија, всушност навистина им е важна демократијата само кога бараат друга земја да ги уреди своите системи по угледот на Западот, но кога треба да воведе демократија во меѓудржавните односи, тие избегнуваат искрени разговори или се обидуваат да интерпретираат меѓународно право по сопствено убедување.

Шефот на руската дипломатија ги критикува визите и останатите санкции на Западот против Русите на Крим, нагласувајќи дека тие се казнети поради изразување на својата демократска волја за повторно обединување со својата историска татковина.

Треба да знаете
Последни објави