Search

Лавров во самоизолација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе биде во самоизолација поради контакт со лице позитивно на коронавирусот, а сите закажани посети и состаноци ќе бидат одложени, објави прес-службата на руското Министерство за надворешни работи.

– Сите претходно закажани посети и состаноци ќе бидат одложени. Тој се чувствува добро, соопшти Министерството.

Лавров утре требаше да оди во дводневна посета на Србија, при што требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави