Search

Лавров: Во САД преовладаа поддржувачите на нова трка во вооружувањето

Акциите на Вашингтон во областа на нуклеарното разоружување и неширење покажуваат дека преовладуваат американските поддржувачи на нова трка во вооружувањето, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

-По пропаѓањето на Договорот за антибалистички ракети, сега е на ред Договорот за елиминација на ракетите со краток и среден домет. После тоа, може да има проблеми со продолжување на Договорот за мерки за натамошно намалување и ограничување на стратегиското офанзивно оружје, рече Лавров.

Тој додаде дека сето тоа ќе има „катастрофални последици”, не само за оние области од меѓународниот живот кои беа регулирани со овие договори, туку и за останатите механизми во областа на нуклеарното разоружување и неширење.

Според него, ако се направи проценка за активностите на Вашингтон во оваа област, може да се заклучи дека преовладаа поддржувачите на нова трка во вооружувањето.

Треба да знаете
Последни објави