Search

Лавров: Асанж веројатно е мачен во лондонскиот затвор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека верува во можноста основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да бил мачен во лондонскиот затвор.

Тој ова го изјави за руската телевизија Русија 24.

– Тие исто така треба да ги отфрлат обвиненијата против (поранешниот разузнавач) Едвард Сноуден, да го ослободат Џулијан Асанж и да престанат да го мачат, што, според неговиот изглед, му се случува во притворот во Велика Британија, рече Лавров.

Асанж беше уапсен во април годинава во еквадорската амбасада во Лондон, откако по седум години му беше укинат азилот.

Треба да знаете
Последни објави