Search

Лавина се сруши врз хотел во Шварцарија

Три лица во Швајцарија се повредени кога лавина се срушила врз ресторанот на еден хотел.

Медиумите јавуваат дека гостите се евакуирани по несреќата.

Агенцијата „АП“ наведе дека во последните 10 дена во Европа, најмалку 21 лице го загубило животот во снежното невреме.

Снежните врнежи парализираа поединечни делови од Германија и Швајцарија, во петокот не сообраќаја возовите, а училиштата без затворени, пренесе Би-би-си.

Во Баварија падна најмногу снег, а Црвениот крст им помагаше на возачите кои останаа заглавени на патиштата, додека деветгодишно момче загина недалеку од Минхен, кога врз него паднало дрво.

Во Австрија, во петокот ситуацијата се стабилизираше, откако претходните денови во поединечни делови од земјата падна три метра снег.

Изминатите недели, девет лица загинаа, а двајца планинари од минатата сабота се водат за исчезнати.

Треба да знаете
Последни објави