Search

Лабуристите бараат Парламентот да ја прекине летната пауза

Британскиот Парламент треба веднаш да ја прекине летната пауза за да одржи седница за Брегзит, изјави денеска Џон Мекдонел, втор човек на опозициската Лабуристичка партија, откако протекоа владини документи за можните ризици од излезот на Британија од ЕУ без договор.

Како што објави вчера „Сандеј Тајмс”, повикувајќи се на доверлив документ од британската Влада за ризиците од Брегзит, во случај Велика Британија да излезе без договор ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови.

– Неопходно е повторно да се соберат пратениците бидејќи ни треба време за соодветна дебата во врска со Брегзит, истакна Мекдонел.

Парламентот е на пауза до 3 септември.

Лабуристите кои се против излез на Британија без договор со ЕУ, сакаат да ја соборат владата на премиерот Борис Џонсон и да формираат коалиција предводена од нивниот лидер Џереми Корбин, со цел да се одложи Брегзит.

Треба да знаете
Последни објави