Search

Лабрадорите 28 години се најпопуларна раса кучиња во САД

Лабрадорите веќе 28 години по ред се најпопуларната раса кучиња во САД, покажува новообјавениот извештај на Американскиот кинолошки сојуз.

На листата 10 најпопуларни се најде и германскиот птичар со куси влакна, кој, заземајќи го деветото место, го оствари својот најдобар резултат откако добил признание од Сојузот во 1930 година. Пред него се наоѓаат германските овчари, златните ретривери, француските булдози и булдозите.

Меѓу најпопуларните кучиња се и пудлата, ротвајлерот и јоркширскиот териер.

Треба да знаете
Последни објави