Search

Лабораторијата на ОКТА акредитирана со најновиот ISO стандард 

Лабораторијата на ОКТА доби акредитација за најновиот меѓународен ISO стандард МКС EN ISO/IEC 17025:2018. Новостекнатиот сертификат ја квалификува лабораторијата како опремена и компетентна да обезбеди прецизни, релевантни и детални анализи и тестирање на составот и квалитетот на повеќе нафтени деривати.

Надградувањето на сертификатите во лабораторијата на ОКТА што гарантира високо ниво на доверба во резултатите кај корисниците на услугите, се должи на подготвеноста да се исполнат новите критериуми и барања на пазарот и регулативите при анализирањето на квалитетот на горивата.

 Процесот на акредитирање и стекнување со сертификатот вклучуваше проценки на терен и оценување, како и тестирање на стручноста на лицата кои работат во лабораторијата. Акредитирањето беше спроведено од страна на стручна комисија од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија како овластена институција.

Лабораторијата на ОКТА е специјализирана за вршење тестирање на повеќе нафтени деривати како моторни бензини, дизел гориво, млазно гориво, течен нафтен гас (ТНГ) и масла за горење (екстра лесно и мазут). Акредитирани се вкупно 53 методи (EN ISO, ASTM, IP), а годишно во просек се изработуваат повеќе од 20.000 анализи. Благодарение на високите перформанси на лабораторијата, компанијата веќе четврта година успешно ја спроведува Програма Гаранција, првата сеопфатна програма преку којашто се гарантира квалитетот и количината на горивата на сите бензински станици од брендот ОКТА.

 

Треба да знаете
Последни објави