Search

Кјелини се прости од навивачите на Јувентус

Легендарниот фудбалер на повеќекратниот италијански првак Јувентус, Џорџо Кјелини (37 г.)  се прости од навивачите на „старата дама“, на синоќешниот натпревар од претпоседното 37. коло во Серија А против Лацио (2:2). Кјелини кој 17 години го носеше „црно-белиот“ дрес, симболично беше повлечен од игра токму во 17. минута и доби бурни аплаузи од навивачите на Јувентус. За овој период минат во Јувентус, Кјелини освои девет титули во Серија А, пет триумфи во Купот на Италија и во италијанскиот Суперкуп. Остана во Торино и кога „старата дама“ беше исфрлен да се натпреаврува во Серија Б. Со репрезентацијата на Италија, минатата година триумфира на Европското првенство.

Простувањето од Јувентус не значи  и крај на кариерата за искусниот 37-годишен дефанзивец Кјелини, кој најави заминување преку барата и настап во МЛС лигата.

– Чувствувам дека ми е потребно ново искуство, нова култура. Свесен сум дека морам да се соочам со многу важна одлука која ќе ја донесам заедно со семејството – изјави Кјелини.

Одлуката на Кјелини да ја напушти Серија А ја забрза и елиминацијата на „аѕурите“ од Македонија во разигрувањето за пласман на СП 2022 година во Катар.

-Планот ми беше тука да ги дочекам крајот на годината и Мундијалот во Катар. Можам да кажам дека репрезентацијата и Јувентус ги оставам во вистински раце. Ова беше долго патешествие кое го започнав кога влегов како замена за Павел Недвед во натпреварот против Месина и уживав низ сиве овие години – додава Кјелини.

Треба да знаете
Последни објави