Search

Кјелини: Роналдо е како Болт и Федерер

Џорџо Кјелини призна дека било многу тешко да се замени Џанлуиџи Буфон на местото капитен на Јувентус.

Тој ја превзеде капитенската лента откако Буфон се пресели во ПСЖ минатото лето, но според него, заминувањето на Буфон било надоместено со трансферот на Кристијано Роналдо.

„Не беше лесно да се замени Буфон. Како капитен морате да го одржувате балансот на теренот, но и во соблекувалната, а тоа воопшто не е лесно. Кога е во прашање Роналдо, тој е вистински лидер. Многу ми е мило што го имам покрај себе. Кристијано е како Болт и Федерер“, изјави Кјелини.

Треба да знаете
Последни објави