Search

Кјелини објави збогување со Јувентус

Италијанскиот дефанзивец Џорџо Кјелини изјави денеска оти на крајот на сезоната ги напушта редовите на Јувентус, чиј дрес го носи уште од 2004 година.

– По сите прекрасни години во овој клуб, време е момчињата да продолжат понатаму. Јас направив сè што можев и се надевам дека оставив нешто зад себе, изјави Кјелини, кој одлуката да го напушти клубот од Торино ја објави ден по вчерашниот пораз на Јувентус од Интер во финалето на Купот на Италија.

Јувентус во претпоследното првенствено коло в понеделник го пречекува Лацио, а сезоната во Серија А ќе ја заврши со дуел на гостински терен против Фиорентина.

– В понеделник ќе се збогувам со стадионот на Јувентус. Среќен сум што заминувам на високо ниво, никогаш не сакав да завршам со мака на начин да не можам да играм на своето ниво. Дадов сè од себе и наскоро ќе биде најголемиот навивач на Јувентус. По толку години во овој клуб, не можете без него, истакна Кјелини, кој во март по поразот на Италија од Македонија во полуфиналето од мундијалскиот бараж се прости и од националниот дрес.

Треба да знаете
Последни објави