Search

Кушнер: Eкономскиoт план на САД за Блискиот исток неопходен за мир

Високиот советник во Белата куќа Џаред Кушнер изјави синоќа дека просперитетот на Палестинците не е можен без фер политичко решение, но дека договорот за економскиот напредок е неопходен услов за израелско-палестински мир.

Кушнер говореше на отворање на конференција во Бахреин, со цел да се претстави економски дел од арапско-израелски мировен план, подготвен од САД – развоен проект од 50 милијарди долари објавен оваа што беше остро критикувани од страна на Палестинците и Арапите во регионот.

-Она што развивме е најобемен економски план некогаш создаден, особено за Палестинците и регионот на Блискиот Исток, рече Кушнер на конференцијата, на која присуствуваа директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

-Можеме овој регион да го претвориме од жртва на минатите конфликти во пример за трговија и напредок во светот, рече Кушнер. Тој му порача на палестинскиот народдека претседателот Доналд Трамп и САД не се откажале од нив.

Треба да знаете
Последни објави